Утрински Весник
Македонија

Тројца загинати, едно лице повредено во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Битола, во близина на селото Лагово

Soobra A Na Nesre A.webp.webp

Три лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на тројца прилепчани, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.

Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат се уште увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.

Можете да прочитате

Македонските вина со силно присуство во Париз: национален настап на винскиот саем Wine Paris и ексклузивна промоција „Ноќ на македонските вина”

СДСМ: ВМРО спрема враќање на Груевски, Мицкоски е чувар на фотелјата 

Трендафилов: Пратениците нека дојдат пеш, како и работниците