Утрински Весник
Спорт

Тројца судии суспендирани од ЕП

Тројца судии суспендирани од ЕП
Dik 300x250 mk

Италијанскиот судија Мануел Мацони и Полјаците Војчех Лиска и Михал Прок добија суспензија од Европското првенство поради лошо судење на мечот меѓу Литванија и Германија.

dobivaj vesti na viber

Грчкиот новинар Јоргос Закас истакнува дека овие тројца арбитри повеќе нема да судат на 41. Европско првенство во кошарка.

Литванците беа жестокот оштетени против домаќинот на ЕП. Во третата четвртина, не изведоа слободно фрлање, кое мораа да го изведат бидејќи германскиот селектор Гордон Херберт доби техничка грешка.

На крајот Литванија доживеа пораз, по две продолженија 109:107.

По мечот Литванците поднесоа жалба, која ФИБА експресно ја одби.

По три кола во групата Б, Германија има три победи, додека Литванија забележа три порази.

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите