Утрински Весник
Свет

Тројца странци загинаа во пожар во хотел во популарна туристичка област во Бангкок

35469461.webp.webp

Пожар избувна во хотел во близина на улицата Као Сан во Бангкок, популарна туристичка дестинација, при што загинаа тројца странци, а неколку други беа повредени, соопшти денеска тајландската полиција.

Трите лица кои загинаа во синоќешниот пожар се странски туристи, изјави претставник на полицијата. Едно лице е пронајдено мртво на лице место, а две починале на пат кон болница.


Пожарот избувнал на петтиот кат во шесткатниот хотел „Ембер“, соопшти полицијата. Пожарот е изгаснат, а причината се истражува.

Улицата Као Сан е популарна улица за туристи во главниот град на Тајланд, позната по својот ноќен живот.

Во моментот на пожарот во хотелот имало 75 лица, седум се повредени меѓу кои двајца Тајланѓани и пет странци. 

Можете да прочитате

Чешкиот премиер ја повика Европа да преговара со Путин за мир

Зеленски ја потпиша одлуката за воведување нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс

Петкатна зграда се урна во Либан – лица заробени под урнатините