Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје
Dik 300x250 mk

Вчера во 08,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на булевар „Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Н.Ј. од село Алдинци, скопско и патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, управувано од 34-годишниот Ж.Т. од Берово, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „бмв“, С.М.(56) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот Н.Ј. и уште еден сопатник од возилото „бмв“, М.М.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Хорор во Челопек: Син ги избркал родителите од дома, па отишол и го избодел вујкото, жена со две деца бегала преку прозорец

Од полноќ намалување на цените на дел од горивата

Продолжи судењето за закланите коњи во ЗОО кои се користеле за храна: Месото било уништено во „Дрисла“