Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени од пожарот во Кочани сè уште се лекуваат надвор од државата

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg
Dik 300x250 mk

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Во моментов, информациите околку пациентите кои се лекуваат во странство се дека се во стабилна здравствена состојба. Во нашата држава, беше посочено, во Клиничкиот центар на Пластична хирургија, има пациенти кои се таму заради длабочината на повредите, здравствено биле стабилни. Двајца пациенти се во приватната болница „Систина“. Редовно се следи состојбата на сите пациенти. 


– Во Пониква во моментов е првата група, при крај, таму со нив се и пет физиотерапевти кои работат по програми, специјалист физијатар и општ хирург. Таму младите сакаат да продолжат и понатаму, имаме барања од некои од нив да продолжат и со втората група. Втората група ќе биде упатена најверојатно од втората половина на јули, одговори Алиу. 

Околу обвинувања на блиски на загинати во пожарот во Кочани, за несоодветен третман во болницата во Кочани и недостиг на соодветна опрема, веднаш по трагедијата, министерот рече дека истрагата од надлежните служби, би требало да даде одговор на многу прашања во врска со трагедијата. Откако бил министер, рече дека кочанската болница е меѓу топ приоритети и дека прават максимум во рамки на можностите за нејзино соодветно опремување. Дополни дека работна група континуирано работела на тоа. 

Можете да прочитате

Зимски ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме голема предност пред вториот круг, очекуваме убедлива победа

Огромен циклонски облак од Џенова се приближува кон Македонија