
Уапсени се тројца кавадарчани вчера.Станува збор за три одвоени случаи на семејно насилство.Според СВР Велес, жртви на нападите биле тетка, сопруга и татко.
Серијата инциденти започнала во 14:55 часот, кога е уапсен 39-годишен маж кој се заканувал на својата 63-годишна тетка и со остар предмет кршел низ домот. Потоа во 16:20 часот, приведен е 37-годишен кавадарчанец кој се обидел со дрвен предмет да ја нападне својата сопруга. Во 18:15 часот бил уапсен и 33-годишен маж, кој исто така со дрвен предмет се обидел да го нападне својот татко.

