Утрински Весник
Македонија

Тројца газди сведочеа за набавката за опрема за Генерален секретаријат: Контактиравме со Игор Христов

Тројца газди сведочеа за набавката за опрема за Генерален секретаријат: Контактиравме со Игор Христов

Сопственици на фирми кои имале добиено тендери од Влада, сведочеа како ги набавиле сите потребни продукти од фирмата „Г.Б.Ц Системи“, сопственост на обвинетиот Игор Христов, кој бил и надворешен соработник во Владата. Прв сведок беше Ивица Димовски, управител на „Монтинг енергетика“. Тој е првиот кој кажа дека обвинетиот Христов го контактирал со понуда преку него да се набават кабините, кои потоа требало да завршат во Влада. Контактот бил две-три недели откако бил потпишан договорот помеѓу фирмата на сведокот и Генералниот секретаријат. Сведокот посочи дека нему му било важно да го реализира тендерот за да има позитивна референца за фирмата за да исполнува услови за наредни тендери.

dobivaj vesti na viber

„По завршувањето на постапката за јавна набавка, од страна на Влада на Македонија ни е доставен договор за исполнување на наведената јавна набавка кој е потпишан од наша страна и пристапено кон реализација. Во текот на реализацијата, друштвото имаше зголемен обем кон други и во тој период, од страна на „Г.Б.Ц Системи“ ни е доставен понуда за изработка на истиот предмет од нивна страна. Од наша страна им доставивме техничка спецификација за кабините и од нивна страна е прифатено да пристапат кон производство на истите“, кажа Ивица Димовски, управител на „Монтинг енергетика кој додаде дека тој од зделката имал заработка од 40.000 денари, а најголемиот дел од средствата ги исплатил на „Г.Б.Ц Системи“.

Втор сведок беше Димитар Попоски – управител и сопственик на фирмата „Радик систми“. Во овој случај, фирмата „Про инструментс“ добива тендер од Генералниот секретаријат, која потоа, соработува со фирмата „Радик системи“. „Радик системи“ набавуваат камери од „Сектрон“, фирма која го раскинала договорот со Генералниот секретаријат бидејќи не им стигнале на време. Дополнително, требало да набават и СД-картици, што пак, и тие се одлучиле да ги земат преку „Г.Б.Ц Системи“ на обвинетиот Игор Христов. Прашан од обвинителката, како „Радик системи“ дознале за „Г.Б.Ц. системи“, сведокот одговори дека тоа е препорака од „Сектрон“ фирма која добила набавка, а потоа, спогодбено го раскинала договорот.

„Предметните камери се набавени од Сектрон која е дистритубтер за нашата земја. Цената беше околу 2 милиони и 100-200 илјади денари. И бидејќи дека се бараше СД картици, тоа беше од ГБЦ системи“, рече сведокот Димитар Попоски – управител и сопственик на фирмата „Радик систми“.

Обвинителката Ивана Трајчева праша: „Знаетвте ли дека ‘Сектрон’ имале претходно договор со Гененарелн секкретаријат за набавка на камери?“, а сведокот одговори: „Не знаев, кога ме повикавте во обвинителство дознав. Претходно не“

„Како дојде до тоа ГВЦ системи да биде ангажирано за овие камери?“, праша Ивана Трајчева, на што доби одговор: „’Г.Б.Ц системи’ беше предложена од ‘Сектрон’, која претходно работела со такви алатки и затоа беше контактирана. Контактирав со Игор Христов“.

Последен сведок беше Милорад Крстевски, управител на „Сектрон“. Оваа фирма добива тендер за да ги набави камерите, па спогодбено го раскинува договорот бидејќи испораката доцни. И тој го знае Игор Христов, за кого рече дека е клиент на фирмата.

„Со Игор Христов се знам како наш клиент. Вредноста на јавната набавка беше околу два милиони денари. Не ги испорачавме камерите, ни каснеше испораката од страна на нашиот производител“, рече Милорад Крстевски, управител на „Сектрон“

Тој од обвинителката Трајчева беше прашан: „Како дојде до тоа да се раскине спогодбено договорот?“.

На ова одговори: „Кога веќе каснеа камерите, ни стигна известување од Генералниот секретаријат дека ќе се раскине спогодбено договорот. И толку знаевме, толку не интересираше“, по што објасни дека важно било да не плаќаат пенали за неисполнување на договорот.

Сите тројца сведоци, управители односно сопственици на фирми, кажаа дека не контактирале со обвинетиот генерален секретар Драги Рашковски и дека од негова страна не биле убедувани да соработуваат со „Г.Б.Ц системи“ или да набавуваат опрема од било која фирма.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје