Утрински Весник
Македонија

Тркалезна маса – „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“ 

Policija 960x625 0 0 1.jpg

По повод Меѓународниот ден на исчезнати деца денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“ во организација на невладината организација „Новинари за човекови права“.

Целта е, како што се посочува, да се дискутира за можностите и предизвиците во процесот на законско усогласување и потребни измени во насока на унифицирање на систем на национално алармирање за исчезнати деца.


– Целта е да се споделат мислењата, ставовите, како и да се продискутираат можностите помеѓу засегнатите страни – институции, медиуми и други даватели на услуги за ефективно имплементирање на унифицирани протоколи за алармирање. Заклучоците од тркалезната маса би послужиле како предлог – стратегии за законски измени со цел институционализирање на системот за алармирање за исчезнати деца, информираат организаторите. 

Можете да прочитате

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор

Од „Стави појас“ до заштита од семејно насилство – МВР со серија едукативни активности во повеќе градови

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег