Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци, а не кај „ловците на субвенции“ 

Server04.global net.com 15.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ Стар изјави дека најгласни во реакциите околу новата Програма се оние кои не учествуваат во земјоделскиот процес и се чувствуваат загрозени дека ќе бидат елиминирани од системот на субвенционирање.

„Ги следам реакциите и можам со сигурност да кажам дека најгласни се оние кои не учествуваат во земјоделскиот процес и се чувствуваат загрозени дека ќе бидат елиминирани од новата Програма. Тие се многу погласни од оние кои сериозно и посветено работат на своите површини и продуцираат земјоделско производство”, истакна министерот.


Тој појасни дека е направена детална анализа за тоа каде била Македонија, каде е сега и каде треба да стигне во наредниот период. За таа цел била формирана посебна работна група која изработила анализа за стратешкиот период 2021–2027 година, со цел утврдување на приоритетите и целите што треба да ги постигне Стратегијата.

Според министерот, податоците од анализата биле загрижувачки, поради што се одлучило да се воведат новини со кои средствата што ги обезбедува државата ќе завршуваат кај вистинските земјоделци.

„Секој земјоделец кој сериозно и посветено работи и продуцира земјоделски производ го нарекувам вистински земјоделец. Сите оние кои сакаат да импровизираат или да го заобиколуваат процесот се т.н. ловци на субвенции”, додаде министерот Трипуновски.

Тој нагласи дека со новините во Програмата ќе се воспостави ред во целиот сектор.

„Ако од 2007 година до минатата година се поделени над 1,8 милијарди евра во вид на субвенции, а денес состојбите се безмалку слични или исти како претходните години, неминовно е дека треба да направиме промени”, порача министерот.

Можете да прочитате

Поднесена кривична против битолчанец – пронајдена е дрога

Голем одрон после Катланово – 24info.mk

Ристоска : Државниот обвинител мора да им служи на граѓаните, а не на политиката