Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Откупната цена на оризот пониска од производната, владата нема слух за оризопроизводителите

Трипуновски: Откупната цена на оризот пониска од производната, владата нема слух за оризопроизводителите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

“Денеска орипроизводителите го блокираа патот Кочани-Штип во знак на револт поради ниската откупна цена што е пониска од производната. Тоа значи дека оризопроизводителите не можат да ги покријат основните трошоци за живот. Оризопроизводителите се разочарани. Ова е потценување на трудот и маката”, напиша на својот фејсбук профил Цветан Трипуновски.

dobivaj vesti na viber

Тој додава дека според информациите до сега само 30 проценти се ожнеани од засеаните површини, а во амбарите се уште се останати голем дел и од ланската реколта. Владата на антимакедонската СДС и Љупчо Николовски ја уништи и оваа култура, немајќи слух за проблемите на оризопроизводотелите истите се принудени нивите да останат непосеани.

Според Трипуновски наместо СДС да ги држи истите прес конференции, власта веднаш да се зафати со решавање на проблемите на оризопроизводителите. На неспособноста и незаинтересираноста од првиот човек на МЗШВ Николовски и владата мора да и се стави крај.

Трипуновски бара веднаш власта да започнат со измена на Законот кој што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското собрание, односно оризот стане стратешка култура и веднаш преку Агенцијата за стокови резерви да се откупи количина која што се складира за националните резерви.

Ако навистина сака владата да помогне, тогаш веднаш да го прифати предлогот, во спротивно незадоволството ќе расте и ќе се соочат со уште поголем револт, напиша Трипуновски.

Можете да прочитате

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне

Миноски: Македонија функционира по олигархиски модел – државата работи за малкумина, а мнозинството плаќа

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност