Утрински Весник
Македонија

Трипуновски од Кавадарци: Со новите Програми и Уредби за 2025 година посветуваме сериозен акцент на лозарството

Cvetan Tripunovski 14.02.png

„Денеска сме тука по повод празникот Св. Трифун, традиционално да ги закроиме лозјата и да посакаме успешна и бериќетна година. Да продолжиме да ја негуваме оваа гранка која што е важна за земјоделците и за Македонија”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Кавадарци.

„Знаете дека изминативе месеци посветивме сериозно внимание во делот на лозаропроизводството и во делот на виното. Минатата година како за потсетување имавме согласно Законот за вино цена која што беше историски највисока”, потсети министерот Трипуновски.


Министерот посочи дека се исплатија минатата година и заостанатите субвенции на земјоделците и се продолжи со редовната исплата.

„Денеска на сметките на над 11.000 лозари легнаа субвенциите за 2024 година. Ова е уште еден показател дека она што беше ветување во делот на редовната исплата на субвенциите ќе се случува”, истакна министерот.

„Ние како Министерство ќе продолжиме да работиме посветено со цел оваа гранка да ја вратиме на пиедесталот во рамките на тоа што некогаш беше. Затоа со новите Програми и Уредби кои што ги донесовме за тековната 2025 година посветуваме сериозен акцент”, нагласи тој.

Министерот Трипуновски додаде дека пред неколку дена заврши и конкурсот за избор на Научна институција која што треба да ја утврди производната цена за 2025 година. И е повеќе од убеден е дека ќе биде на задоволство на лозарите како што беше и претходната година.

Можете да прочитате

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими победничките тимови на „NASA Space Apps Challenge 2024“

ПОЛАРНА НОЌ Е ПРЕД НАС: Температурите се спуштаат близу -20 степени

Исплатата на „МојДДВ“ во тек, треба да заврши до крајот на месецов