Утрински Весник
Спорт

Трипл-дабл на Дончиќ и кош за победа, Далас води 2-0

12252745.jpg

Далас Маверикс ја совлада Минесота Тимбервулвс со 109:108 во вториот натпревар од финалето на Западната конференција. Маверикс со вториот брејк водат 2-0.

Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар, кој го круниса со тројка за победа на четири секунди до крајот на натпреварот.

Далас имаше минус од два поени, Лука ја зеде топката и постигна „степ бек“ тројка преку Руди Гобер за 109:108. Минесота се обиде преку Наз Рид, но тој не успеа да погоди.

Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 10 скока и 13 асистенции, Кајри Ирвинг го следеше со 20 поени, од кои 13 постигна во четвртата четвртина, Гафорд постигна 16, Лајвли 14, а Вашингтон 10 поени.

Во поразениот тим повторно потфрли Ентони Едвардс со 21 поен и само 5-17 од поле, Рид постигна 23, Конли 18, а не се прослави ниту Таунс со 15 поени и 4-16 од поле.

Можете да прочитате

Стојковиќ: Српските навивачи треба да се гордеат со овој тим

Евро 2024: Словенија избори осминафинале, Србија не ја помина групата

Тепачка помеѓу српските навивачи и германската полиција во Минхен пред натпреварот меѓу Данска и Србија