Утрински Весник
Свет

Трилатерална средба Вучиќ, Лајчак и Ескобар за ситуацијата на северот на Косово

Трилатерална средба Вучиќ, Лајчак и Ескобар за ситуацијата на северот на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.

dobivaj vesti na viber

На трилатералната средба и претходеше средба меѓу претседателот Вучиќ и Мирослав Лајчак во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката. Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ќе се сретне со Габриел Ескобар.

Ескобар и Лајчак во Белград доаѓаат од Приштина, каде што разговарале со косовските власти.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по средбата во Приштина изјави дека најдобриот начин за отстранување на барикадите на северот на Косово и Метохија е преку политички договори, а не со булдожери.

Американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека јасно му изразил очекување на Курти дека ќе работи на имплементација на договорот за формирање Заедница на српски општини.

Посетите се поради зголемените тензии на Косово и Метохија по апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, поради што Србите на северот на Косово и Метохија подигнаа барикади во знак на протест.

Можете да прочитате

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години

САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина