Утрински Весник
Македонија

„Трикафта за сите!“, „Сакаме лек не комодитет“, скандираа пред Влада пациентите со цистична фиброза

„Трикафта за сите!“, „Сакаме лек не комодитет“, скандираа пред Влада пациентите со цистична фиброза

Пред Влада пациентите со цистична фиброза и нивните семесјтва побараа власта да побрза со одлуките

dobivaj vesti na viber

Со скандирање „Сакаме лек, не комодитет “ и „Трикафта за сите“ пациентите со цистична фиброза и нивните семејства денес напладне пред Влада побараа власта да побрза со одлуките и лек да обезбеди за сите болни. Дел од нив преку транспаренти „Сакаме Македонија да се гордее со нас, само дајте ни шанса“, „Бидете ни сојузници во животот“ и ред други, членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза  порачаа дека нема повеќе да молчат и да веруваат на ветувања.

„Разберете не, бидете дел од нашата борба, побрзајте со вашите одлуки и вашите промени затоа што ние немаме време за чекање. Веќе не се потпираме на празни зборови и нема да чекаме“, рекоа од Асоцијацијата.

Пациентите со цистична фиброза се разочараа по вчерашната изјава на министерот за здравство дека лекот ќе биде обезбеден за 8 од вкупно 130 болни

Пациентите со цистична фиброза се разочараа по вчерашната изјава на министерот за здравство Беким Сали дека современиот лек ќе биде обезбеден прво за 8 од вкупно 130 болни и им порачаа на сите кои одлучуваат за набавката на овој лек да се обидат да дишат преку цевка за да сфатат колку е итна состојбата.

Министерот Сали најави дека ќе иницира законски измени со кои ќе се овозможи набавката на овој лек и за кои се надева ќе добие поддршка во Собранието.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа