Утрински Весник
Свет

Тригодишно дете од САД случајно застрела бебе со пиштол

987.jpg
Dik 300x250 mk

Огромна трагедија се случи во понеделникот во САД кога тригодишно дете уби 10-месечно бебе откако пукаше од наполнет пиштол.

„Бебето беше застрелано и убиено од мало дете кое грабнало наполнет пиштол додека биле во паркиран автомобил и го повлекло чкрапалото“, соопшти полицијата, според „Еј-би-си“.

Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.

Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека во возилото имало жена и три деца. Деца на возраст од 3 и 2 години и 10-месечно бебе биле во задниот дел на возилото, рече тој.

„Едно од постарите деца се фатило за наполнет пиштол кој бил во задниот дел од возилото и случајно го повлекло чкрапалото. Најмалото дете беше застрелано. Ова е страшна трагедија“, рече Мекманус.

Во тек е полициска истрага.

Можете да прочитате

Холандија добива прв геј премиер во историјата

Белата куќа ќе го ограничува пристапот за новинарите

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“