Тригодишно момче почина во Алабама, откако случајно си пукало во глава со пиштол што го нашло дома.
По пукањето, итната помош брзо пристигнала на местото на настанот, а малиот Кајден Голдман итно бил пренесен во болница. И покрај сите напори на лекарите, за жал е констатирана смрт.
Судскиот вештак објави дека родителите биле во куќата во моментот на трагедијата, но дека момчето во тоа време било само во собата. Тој, наводно, пронашол оружје во куќата и се застрелал.
Полицијата во Бирмингем започна истрага по инцидентот.
Мајката на момчето, Адријана Џонс, изјавила дека е уништена по смртта на нејзиниот син.
Соседката Маркита Колинс изјави дека како мајка е во шок поради се што се случило.
„Тоа е вистинска љубов која нема да ја најдеш додека не добиеш свои деца. Срцето ми е скршено, да му се случеше тоа на моето дете, веројатно немаше да бидам тука“ рекла таа.
Друг сосед апелираше до сите да не ги оставаат децата сами во просторија каде што има оружје.