Утрински Весник
Свет

Триесет и тројца војници уапсени за заговор против Мадуро

20240125071914 big 730x400 63
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Триесет и тројца венецуелски офицери и војници беа уапсени и исфрлени од вооружените сили за наводен заговор против претседателот Николас Мадуро, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Во соопштението именувани се генерал-мајор, двајца полковници, шест потполковници, девет мајори, двајца капетани, шест први поручници и седум наредници.

Тие би биле „вклучени во заговори преку планирање на криминални и терористички акции насочени кон напад на легитимно конституираниот систем на власт, институциите на државата и венецуелскиот народ, дури и убиство на шефот на државата, рече министерот за одбрана, Владимир Падрино.

-Овие предавници никогаш не требаше да носат униформа. Тоа е група која воопшто не ги претставува вооружените сили, вели тој во видеото објавено на социјалните мрежи.

 

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“