Утрински Весник
Спорт

Триесет и една година од смртта на Дражен Петровиќ

20240607095527 Big 730x400 93.webp.webp

Пред 31 година на денешен ден во сообраќајна несреќа на автопат во близина на германскиот град Инголштад загина еден од најдобрите светски кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ.

Роден на 22 октомври 1964 година во хрватскиот град Шибеник, кошаркарскиот Моцарт почина на 29 годишна возрат, на врвот на својата играчка кариера.

Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар против Словенија во квалификациите за Европското првенство во Вроцлав на 5 јуни 1993. Хрватската репрезентација се враќаше од Полска со авион, но Дражен тргна во автомобил со неговата девојка која управуваше со возилото.

Сениорското деби го имаше на 16 годишна возраст во дресот на Шибенка, а во кариерата подоцна настапуваше за Цибона, Реал Мадрид, Портланд и Њу Џерси.

Како член на југословенската и хрватската репрезентација Дражен Петровиќ освои сребро и бронза на Олимписките игри (1994, 1998), злато и бронза на светските првенства (1986, 1990), како и златен и бронзен медал на европските првенства (1987, 1989).

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина