Барселона во летниот преоден рок повторно ќе направи многу промени во тимот. Јасно е дека многу играчи ќе бидат продадени, се со цел да клубот да собере пари за да го врати Лионел Меси, а на списокот на играчи има многу познати имиња. Некои од нив се дел од тимот, а некои оваа сезона играат на позајмици низ Европа.
Барселона е подготвена да направи сериозни промени во тимот во летниот преоден рок. Многу се работи на доаѓањето на Лионел Меси, а на тимот, како слободен играч ќе му се приклучи Иниго Маринез од Атлетик Билабо. Според медиумите, како слободен играч на „Ноу Камп“, ќе пристигне и капитенот на Манчестер сити Илкај Гундоган.
Списокот на играчи кои клубот е подготвен да ги продаде е доста долг. На него има многу големи имиња и нема да бидат поштедени играчите кои важеа за недопирливи.
Најголемото име е секако Ансу Фати. Младиот напаѓач требаше да биде наследник на Лионел Меси, тој по неговото заминување доби „десетка“, но не ги оправда очекувањата.
Повредите, лошата форма и изјавите на неговиот татко во кои го криткува клубот и тренерот Чави, на крајот доведоа до тоа клубот да го продаде. Цифрата што ја посакуваат е 50 милиони евра и клубот веќе му соопштил на агентот Жорге Мендеш да му бара нов клуб.
Барселона бара слична сума и за Феран Торес, кој не се снајде на „Камп Ноу“ по трансферот од Манчестер сити.
Изненадување е што клубот е подготвен да го продаде Бразилецот Рафиња, кој во летниот преоден рок беше донесен како големо засилување.
Лош период во Барселона има и дефанзивецот Ерик Гарсија.
Покрај ова офанзивно трио, на продажба се и фудбалери кои се позајмени во други тимови: Ез Абде (Осасуна), Нико Гонзалес (Валенсија), Клемент Ленглет (Тотенхем), Сержињо Дест (Милан) и Самуел Умитити (Лече).
Повеќето од нив веројатно нема да ги видиме повторно во дресот на Барселона, а многу е можно ниту еден да не остане во тимот од стадионот „Камп Ноу“.