Земјотрес со јачина од 2,2 степена според Рихтеровата скала го погоди Лесковац вчеравечер.
Како што соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, епицентарот бил на длабочина од 12 километри.
Земјотресот се случил околу 19.40 часот, а епицентарот бил Сува Планина.
Тоа е трет земјотрес регистриран на територијата на градот Лесковац за осум дена.
Првиот земјотрес во Лесковац беше регистриран на 9 јануари со јачина од 2,1 степена според Рихтеровата скала, а на 13 јануари следуваше вториот земјотрес од 1,9 степен.
Земјотресите во тој опсег според Рихтеровата скала се сметаат за поблаги земјотреси, кои може да ги потресат зградите, но не се очекуваат материјални штети и поголеми разурнувања.