Тешка сообраќајка се случи вчера на магистралниот пат Гостивар-Маврово, пришто повредени се две лица.
Еден од учесниците во несреќата е странски државјанин, односно граѓанин на Косово.
„На 25 април во 08.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Маврово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(74) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Ф.И.(60) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ѓ. од возилото “рено“, а со телесни повреди се здобил возачот А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар“, велат од МВР за несеќата.
Извршен е увид.