Утрински Весник
Македонија

Три возила се судрија кај „Чифличка раскрсница“, со тешки повреди жена заврши во болница

Излетало возило на патот Гостивар – Тетово, возачот е тешко повреден

Синоќа на патниот правец Делчево-Штип, на место викано „Чифличка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три возила.

dobivaj vesti na viber

МВР соопшти дека во несреќата учествувале автомобил „ауди“, управуван од Б.Д.(23) од с.Борилчево, кочанско, патничко возило „хјундаи“, управувано од С.С.(30) од Штип, двете со кочански регистарски ознаки, и патничко возило „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(38) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., а останатите двајца возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Штип, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Можете да прочитате

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари

ВРЕДИ: Ристов не е изолиран случај, “чадорот” на заробената правда се крши

(Фото) Неисчистен снег создава хаос низ Македонија – камион излета кај Росоман