Утрински Весник
Македонија

Три тепачки во Скопје: првата во здравствена установа, друга во училиште меѓу ученици

Возрасна жена нападната во Гостивар

Три тепачки имало во текот на вчерашниот ден. Една од нив се случила во здравствена установа, а друга во средно училиште.

dobivaj vesti na viber

„Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(46) и С.Д.(23), двете од Скопје. Истиот ден, во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Студеничани, скопско, поради претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(38) и Ф.И.(47), двајцата од истото село. Полицијата во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во училница во средно училиште на подрачје на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетни ученици од Скопје“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Можете да прочитате

Не излегувајте без чадор: Се очекуваат обилни врнежи од дожд, на повисоките места снег

Мицкоски поради здравствени причини го откажа присуството на македонско-српскиот бизнис форум

Внимавајте: Густа магла кон Попова Шапка и на превојот Стража