Утрински Весник
Свет

Три сестри на возраст од 9, 11 и 17 години се удавија во Средоземното Море

Brza Pomos 1.webp.webp

Три сестри на возраст од 9, 11 и 17 години се удавија кога гумениот чамец во кој се наоѓаа доживеа несреќа во Средоземното Море, помеѓу Либија и Италија, соопшти денес германската хуманитарна организација за спасување на море RESQSHIP.

Според соопштението на оваа организација, телата на сестрите биле пронајдени во чамец кој бил „опасно пренатрупан“ и бил изложен на бранови високи до 1,5 метри пред спасувачот да пристигне на местото на настанот, пренесува Ројтерс.


Меѓу 65-те лица спасени од бродот „Надир“ на оваа организација имало три бремени жени, деца и седуммесечно бебе.

Можете да прочитате

25 жртви во лизгањето на земјиштето во Индонезија

Никозија избрана за водечка културна дестинација во Европа за 2026 година

Обама го осудува насилството во Минесота и повикува на одговорност и соработка