Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Три последици по здравјето што се случуваат по промена на часовникот

Vreme.jpg
Dik 300x250 mk

Иако Европската комисија пред неколку години предложи укинување на сезонското поместување на стрелките на часовникот, летното сметање на времето беше завршено синоќа низ цела Европа.

Граѓаните ги поместија стрелките од три на два часот и на тој начин си „подариле“ уште еден час сон. Но, додека некои уживаа во дополнителниот одмор, експертите предупредуваат дека оваа привидна добивка може да има и свои последици.


Според стручњаците, секогаш кога се менува времето, телото минува низ мали, но реални промени. Повеќето реакции, велат, се психолошки, бидејќи свесно очекуваме дека промената ќе влијае на нас.

– Ако некој ви ги помести стрелките без да знаете, најверојатно нема ни да забележите. Тоа покажува дека психата игра огромна улога во нашиот биоритам – објаснуваат експертите, нагласувајќи дека најважно е организмот да ги добива препорачаните седум до осум часа сон.

Специјалистот за итна медицина Борис Шаровиќ додава дека при вакви промени се можни симптоми како несоница, пад на концентрацијата и главоболка.

– Иако сме навикнати на ова со години, телото сепак реагира. Можно е во наредните денови сонот да биде пократок, а концентрацијата послаба. Сепак, организмот брзо се прилагодува и за неколку дена сè се враќа во нормала – вели тој.

Лекарите ширум светот веќе подолго време се залагаат за укинување на практиката на поместување на стрелките, предупредувајќи на нејзините здравствени последици. Минатата година се најавуваше дека тоа ќе биде последното „поместување“, но промената и овојпат се случи.

И покрај тоа што телото можеби се бунтува, повеќето сепак немаат ништо против – особено кога дополнителниот час се поминува во топлината на креветот.

Можете да прочитате

Дуњата – природен сојузник за здравје и имунитет

Престанувањето со пушење, го забавува губењето меморија и подоцна во животот

Делегација на МПЦ-ОА, предводена од митрополитот Петар во посета на Валаам