Телото на 12-годишно девојче Луиза е пронајдено во институција за млади во Вунзидел, Баварија. За нејзината смрт уапсени се три момчиња, две на возраст од 11 и едно на 16 години.
Како што пренесува „Билд“, во вторникот наутро во 8:45 часот, вработен во центарот за заштита на деца и млади во Сент Џозеф го открил телото на девојчето. По пристигнувањето на местото на несреќата, лекарите можеле само да констатираат смрт на девојчето.
Германскиот весник наведува дека се работи за сексуално злосторство.
Според портпаролот на полицискиот штаб во Горна Франконија, обдукцијата веднаш наредена од јавното обвинителство во Хоф открила докази за невнимание на трето лице. Затоа биле ангажирани и други полициски специјалци, што доведе до брзо откривање и апсење на осомничените.
Од тактички причини, според „Билд“, полицијата првите 24 часа не ја информирала јавноста дека телото е пронајдено, со цел да се олесни собирањето докази и да се заштитат децата и младите сместени во домот.
Да потсетиме, Германија минатиот месец ја потресе веста за смртта на малата Луиза, која беше избодена од две другарки во шумата.