Утрински Весник
Свет

Три лица убиени во пукотница во фризерски салон во шведскиот град Упсала

20250429201751 big 730x400 91.webp.webp

Три лица загинаа денеска во пукотница во фризерски салон во шведскиот град Упсала, а во тек е обемна полициска потрага по сторителот, јавуваат шведските медиуми.

Полицијата опколи голема површина во близина на плоштадот Ваксала откако неколку лица пријавиле дека слушнале истрели во областа, јави Би-Би-Си.


Пукањето се случило во пресрет на традиционалниот пролетен фестивал „Валпургиска ноќ“, кој привлекува голем број луѓе на улиците.

Кратко по 17 часот, полицијата била повикана на адреса во близина на плоштадот Ваксал во Упсала поради, како што рече портпаролот на полицијата Магнус Јансон Кларин, „неколку повици за гласни звуци што потсетуваат на истрели“.

Можете да прочитате

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта

Европа се обединува околу нови принципи за безбедност

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“