Утрински Весник
Свет

Три експлозии на северот на Косово, шок бомби фрлени во Звечан

Три експлозии на северот на Косово, шок бомби фрлени во Звечан

Три експлозии одекнаа во текот на ноќта на северот на Косово, изјави за Танјуг заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани.

dobivaj vesti na viber

Елшани рече дека една шок бомба била фрлена во близина на полициската станица во Звечан и една во близина на полициската станица во северниот дел.

Тој додаде дека е каменувано полициско возило, а врз него била фрлена и шок бомба.

„Тоа се случи во периодот од 23:30 часот и еден час по полноќ“, прецизира Еlшани.

Тој додаде дека нема повредени.

Еlшани рече дека има мали оштетувања на полициското возило кое било каменувано.

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда