Утрински Весник
Македонија

Три активни пожари на територијата на државата

Pozar 3.webp.webp

На ден 22/23.09.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 4 се под контрола и изгаснати се 23 пожари, информираа утрово од Центарот за управување со кризи

Активни се три пожари и тоа во Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (букова шума); Општина Македонски Брод: над с.Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат); Општина Студеничани: помеѓу селата Цветово и Драчевица, м.в.Умoво (шума)


Под контрола се четири пожари : Општина Гази Баба 1: с.Трубарево (електричен отпад); Општина Гази Баба 2: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума); Општина Студеничани: с.Батинци (ниска вегетација и мешана шума); Општина Демир Хисар: Градска депонија (ѓубре),

Од ЦУК додаваат дека на територијата на државата до 7 часот утрово изгаснати се вкупно 23 пожари

Можете да прочитате

Пожар во скопската населба Козле

ОН пред историска дебата: Палестина меѓу симболика и реалност

PER ASPERA AD ASTRA или нашиот европски пат