Утрински Весник
Македонија

Трет „РЕДИ Самит 2024“ – 24info.mk

20240227170025 Big 730x400 74 1.webp.webp

Во Скопје денеска ќе биде официјално отворен  тетото издание на „РЕДИ Самит 2024“, со поддршка од ЕУ.

На официјалното отворање на самитот ќе се обратат со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. 

Ова трето издание на Самитот РЕДИ служи како витална платформа за дијалог, соработка и размена на знаења меѓу владините претставници, експертите, креаторите на политиките, бизнис лидерите, претставниците на граѓанското општество и студентите. Годинашниот самит, на тема „Инклузија на Ромите во зелени и дигитални иновации и еднаквост во управување со животната средина“, ќе ги истражува иновативните стратегии, политики и партнерства за поттикнување на инклузивен раст и социоекономско зајакнување во маргинализираните заедници.

Во рамки на самитот ќе бидат организирани панел-дискусии во кои учествуваат истакнати лидери и експерти од покриените области. Ќе се одржат и сесии за отклучување можности за ромско претприемништво, промовирање инклузивен раст и премостување на празнините во транзицијата кон одржлива зелена енергија.

-Длабинско истражување на можностите и предизвиците во зелената и дигиталната револуција за маргинализираните и ромските заедници. Можности за вмрежување и саем за претприемништво на кој ќе учествуваат ромски претприемачи од државата и регионот, соопштуваат од „РЕДИ Самит 2024“.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер