Утрински Весник
Македонија

Трет протест на вработените од „Флораком“ и „Луна“ поради неисплатени две плати

528801011 1343988681066259 7317020179353956500 n.jpg
Dik 300x250 mk

Вработените од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, денеска по трет пат протестираа, блокирајќи го булеварот „Илинден“ два часа поради неисплатени две плати.

Тие не ја добиле јунската плата, а во следните три дена треба да им се исплати и платата за јули, за која немаат никакви сигнали од раководството дека ќе биде исплатена.


„Работниците кои стојат зад мене се оставени без плати и без здравствено осигурување, иако меѓу нив има хронично болни, онколошки пациенти, лица со стентови и други тешки болести. Ваквата состојба е крајно нехумана, особено што протестираат на пеколните горештини од над 40 степени“, рече Стојанче Кашиковски, еден од вработените.

Тој апелираше до Град Скопје, основач на ЈП „Паркови и зеленило“, да интервенира и го реши проблемот. „Пред две недели беа изгласани субвенции од 80 милиони денари, што е доволно не само за исплата на платите во „Флораком“ и „Луна“, туку и за платите во „Паркови и зеленило“. Сепак, одговор кога ќе бидат исплатени платите нема. Ветувањата се само празни зборови,“ посочи Кашиковски.

Вработените порачаа дека ако проблемот не се реши итно, ќе продолжат со блокади на улици како мерка за притисок.

Можете да прочитате

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните