Утрински Весник
Спорт

Тренерот на Партизан погоден во главата, навивачите го скршиле стаклото на соблекувалната

Untitled 3 10.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гневните навивачи на Партизан направија голем скандал по 174. „вечно дерби“ кога по поразот фралел со разни предмети кон соблекувалната на нивниот тим. Погоден бил тренерот на Партизан Александар Станојевиќ.

Според информациите на „ТВ Арена спорт“, шефот на стручниот штаб на тимот од Хумска бил погоден во глава и веднаш му била укажана помош.

Поради ова тој не можеше да ги искаже своите впечатоци во микс зоната, но се појави на прес конференцијата.

„Што да кажам после ова. Срам за сите! Мојот е најголем! Жал ми е што го загубивме натпреварот вака без крв, без борба. Звезда покажа класа. Ја преземам одговорноста. Жал ми е игравме дома, мојот најтежок пораз од Звезда досега. Тешко ми е“, изјави Станојевиќ.

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички