
Во гостување на Радио Слободна Европа, Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, зборувајќи за актуелните теми во државата, меѓудругото изјави дека е срамно Владата да се фали со покачување на минимална плата од 1,500 денари.
„Владата има ставено јаткасти производи и егзотични овошја во нејзиниот предлог за кошничката кои работникот не може ни да си го дозволи, вели претседателот на ССМ, Трендафилов во неделното интервју.
Најавува протести и штрајкови ако не се покачи минималецот и предупредува дека 12.500 македонски работници добиле работни дозволи во Хрватска, нешто што треба да ги загрижи домашните компании и Владата.“



