Утрински Весник
Македонија

Трендафилов: Не туркајте не на улица, минималната плата е прашање на живот

Ssm.jpeg
Dik 300x250 mk

Зголемувањето на минималната плата е борба за опстанок на работниците, а не политичко прашање или судир со компаниите и Владата, порача претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов.

Во интервју за Канал 5, тој изрази загриженост што сè уште нема договор за покачување на минималецот, додавајќи дека тоа прашање не смее да остане „замрзнато“ до завршување на локалните избори. „Секоја година сè повеќе граѓани ја напуштаат државата, бројот на вработени опаѓа, а работниците не смеат да бидат жртви на алчноста или самобендисаноста на една или повеќе страни“, истакна Трендафилов.


Тој потсети дека од почетокот на годинава ССМ организирал 14 протести и два штрајка за плати, со најави дека доколку нема разбирање, синдикатот повторно ќе се врати на улица. „Последното зголемување на минималната плата во 2022 година беше извојувано на улица. Не нè буткајте повторно таму, седнете да се договориме“, порача синдикалниот лидер.

Според него, 167 илјади вработени се директно погодени од сегашната состојба, а најголеми виновници за застојот се политичарите, работодавачите и Парламентот. Како аргумент, Трендафилов ја посочи синдикалната кошница, која, според пресметките, не може да се покрие ниту со две минимални плати.

Тој направи и регионална споредба, нагласувајќи дека во Србија од октомври минималната плата ќе изнесува 500 евра, во Црна Гора 600–800 евра, а во БиХ 511 евра. „Во Македонија, илјадници работници живеат со примања кои не обезбедуваат пристоен живот. Ова не е борба на ССМ за себе, туку за сите работници. Поддршката е потребна и од синдикатите и од работодавачите“, додаде Трендафилов.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!