Утрински Весник
Македонија

Трендафилов: Ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати

Trendafilov.jpg

Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ, порача до надлежните дека ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати, а не да се борат против податоците за сиромаштијата на својот народ.

Тој истакна дека третина од работниците во Македонија работат и добиваат плата за својата работа, а се сиромашни затоа што платата им изнесува под 30.000 денари или под прагот на сиромаштија во Македонија кој изнесува 31.200 денари.


„За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, за три месеци цената на нафтата за литар поскапа за 27.50 денари или за без малку 50 % зголемување, а тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари“, порача Трендафилов.

Можете да прочитате

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

Нови правила за пушење: Кафето со цигара само на тераса со посебен влез

Шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие: Приведени пет лица од Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп!