Утрински Весник
Македонија

Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС по несогласувања за минималната плата

Slobodan trendafilov 1.jpg

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, преку објава на социјалните мрежи информираше дека ССМ ја напуштил седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС), откако, како што наведува, било направено обид „на мала врата“ да се утврди усогласување на минималната плата без вистинско зголемување.

Според Трендафилов, станувало збор за усогласување од околу 1.600 денари, во процес во кој ССМ, како што истакнува, нема мандат да учествува.


„Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став – минималната плата само законски да се усогласи, а да не се зголеми“, напиша Трендафилов во својата Фејсбук-објава.

Тој најави дека синдикалната борба продолжува и дека нови активности и протести се очекуваат на улица во средината на март, нагласувајќи дека ССМ нема да се откаже од барањата за повисока минимална плата и подобар стандард за работниците.

Можете да прочитате

Скандал во МВР: Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер и превезувал функционери

Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија, преку случајот со државјанството на рускиот државјанин Онишченко

Инвертер клими за ранливи домаќинства, повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија