Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: За да зборуваме за еднакви можности на мажите и жените потребни се е соодветни родово одговорни политики

Тренчевска: За да зборуваме за еднакви можности на мажите и жените потребни се е соодветни родово одговорни политики

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности, Гордана Сиљановска – Давкова и претседателката на Клуб на пратенички Лолита Ристова ја отворија деветтата по ред јавна расправа за новиот предлог Закон за родова еднаквост.

dobivaj vesti na viber

На расправата присуствуваа пратенички од Собранието, претставници од Министерството за труд и социјална политика и претставници од Мисијата на ОБСЕ во државата.

Тренчевска во своето воведно обраќање истакна дека овој закон се подготвува веќе извесен период и е од особена важност да се заврши во соодветно време и да вроди со Секретаријат за еднакви можности кој значително ќе ја промовира еднаквоста на мажите и жените во државата.

Претседателката на комисијата за еднакви можности, Давкова во своето обраќање се осврна на времето кога бил донесен првиот Закон за еднакви можности и истакна дека седумнаесет години од тогаш, реалната ситуација е доста изменета и дека самото тоа ја наметнува потребата од донесување на нов закон.

Дискусијата за предлог законот беше конструктивна од страна на сите чинители и беа посочени соодветни критики кои според експертките ангажирани од страна на ОБСЕ ќе бидат земени во предвид во изработката на финалната верзија на документот.

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце