Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тренчевска во Валандово: СДСМ ја обезбедува европската иднина на државата

Тренчевска во Валандово: СДСМ ја обезбедува европската иднина на државата
Img 7972

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска денеска ja предводеше трибината во Валандово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ и заедно со ргадоначалникот, Перо Костадинов ги поздравија жителите на Валандово и околните населени места и зборуваа за успешните мерки на Владата донесени во изминатиот период.

dobivaj vesti na viber

Трибината со своето обраќање ја отвори градоначалникот Костадинов и се заблагодари за довербата која што граѓаните му ја дадоа во 2017 година.

„Град со градоначалник кој има визија за својот град, градоначалник кој се грижи за своите сограѓани, нашиот другар Перо Костадинов, заедно со својот тим за овие 5 години ја направи најдобрата трансформација на овој град. Го направи Валандово модерен и европски град“ рече Тренчевска

Таа посочи дека токму тоа е она кон кое што се стреми СДСМ – градење на модерна, демократска држава членка на ЕУ.

„Кога започнавме со трибините, со посетите низ општините со контактите со нашите сограѓани, многумина ме прашаа: Зарем пак ќе има избори? Зошто трибини? Обично пред избори се организираат вакви средби. Јас одговарав: Избори нема да има ! Редовни парламентарни избори ќе има во 2024 година“ посочи Тренчевска.

Тренчевска посочи дека СДСМ отсекогаш била и ќе биде државотворна партија и дека е партија која секогаш ги носи тешките и државнички одлуки но исто така и носи просперитет на државата.

 

Можете да прочитате

Запленета дрога на автопатот Скопје-Велес

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите