Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Родовото одговорно буџетирање е тема на која што посветено работам уште од 2007ма година

Тренчевска: Родовото одговорно буџетирање е тема на која што посветено работам уште од 2007ма година

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето обраќање го отвори состанокот на работната група за економско зајакнување на жените во Западен Балкан, која е во организација на UNDP и Friends of Europe. Целта на работната група е да ги идентификува предизвиците на жените во делот на подобро економско зајакнување во Западен Балкан. Овој е четврти по ред состанок и е организиран во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

dobivaj vesti na viber

„Родовото одговорно буџетирање е тема на која што посветено работам уште од 2007ма година. Во тоа време овој концепт беше целосно непознат за нашето општествено опкружување, затоа имаше потреба добрите практики да ги преземеме од другите земји и со посветена работа да ги вметнеме или наметнеме на нашата политичка сцена за да се постигне некаков напредок по ова прашање“ истакна министерката Тренчевска.

Министерката се задржа и на достигнувањето на државата во однос на прашањето за родово одговорно буџетирање во делот на стратешката и законската рамка. Таа посочи на носењето на првата Стратегија за родово одговорно буџетирање во 2012 година и истакна дека Министерството за финансии за првпат ги измени буџетските инструкции за 2013 и 2014 година со кој се задолжуваат три министерства и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за избор на програма за родова анализа и развивање на релевантни родови индикатори за следење на влијанието на програмите врз жените и мажите.

 

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер