Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Продолжуваме со креирање предновогодишни среќни спомени за најмладите

Тренчевска: Продолжуваме со креирање предновогодишни среќни спомени за најмладите
Dik 300x250 mk

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска, заедно со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска, подари детски играчки во ЈДГ „8 Март“, во објектот „Пржино“. Заедно со претставниците од Министерството за труд и социјална политика, инспекторатот и градинката беше проследена новогодишната претстава „Црвенкапа и Дедо Мраз“.

dobivaj vesti na viber

Претставата ја отвори директорката на установата, која ги поздрави присутните и се заблагодари за донацијата што ќе ги збогати детските игри и колекцијата на играчки во градинката.

За време на посетата, министерката Тренчевска за библиотеката на градинката подари инклузивни сликовници со Брајово писмо и потсети за важноста на инклузивното предучилишно воспитание и можноста за еднаков пристап на сите деца.

На крајот од претставата Тренчевска заедно со Младеновска и Дедо Мраз ги подели играчките на присутните деца.

Можете да прочитате

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија