Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот

Trencevska.png

„Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот. ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата. СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата“, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција пред Уставниот суд.

Таа потенцираше дека целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот – мигранти за пари, да се спречи вистината да излезе на виделина.

„Секој што ќе зборува јавно за мигранти, да се таргетира со закани за кривични пријави и затвор. Затоа и забрзано работат на воспоставување контрола врз судството и обвинителството. Кога се носат неуставни резолуции против опозицијата, тоа е автократија – вовед во диктатура, режим“, потенцираше Тренчевска.

Таа посочи дека СДСМ ова нема да го дозволи и силно ќе се спротивстави, заедно со граѓаните.
„Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок. Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена. И тоа ја прави неуставна. Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции, ќе побараме помош и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа. Со сите демократски алатки и механизми што ни стојат на располагање ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата. Борбата продолжува“, посочи Тренчевска.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна