Утрински Весник
Македонија

Тренчевска по повод Светската недела на детето: За нас секое дете е важно

Тренчевска по повод Светската недела на детето: За нас секое дете е важно

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска по повод Светската недела на детето го посети дневниот центар за аутизам во Штип и еден мал групен дом. Како што и самата тврди поминатото време со децата е квалитетно поминато време од кое има само убави спомени.

dobivaj vesti na viber

Дневниот центар за Аутизам е со капацитет за дневно згрижување од 15 деца. Со решение за Центарот за социјална работа во Штип услугата ја користат 6 деца од кои активно во моментот ја користат 5 деца.

„Како Министерство за труд и социјална политика имаме надлежност на детската заштита и можам да кажам дека тоа е еден од секторите за кој што најмногу се залагаме, затоа што развојот на децата во здрава средина е од особено значење. Сметам дека пред се треба да го почитуваме интегритетот на едно дете како и неговите права“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека пред државата сите деца се исти и дека Владата и Министерството за труд и социјална политика постојано се залага за поинтензивно имплементирање на Конвенцијата за правата на децата како и воведување на политики и мерки кои позитивно влијаат на децата.

Освен Центарот за Аутизам во Штип има и Дневен центар за лица со интелектуална или телесна попреченост со капацитет од 20 деца, каде во моментот услугата ја користат вкупно 16 лица од кои активно ја користат 13 лица.

Тренчевска истакна дека сите деца кои што се под нејзина и заштитата на Министерството за труд и социјална политика се подеднакво третирани и заслужни за внимание и љубов. Во таа насока беше и посетата на малиот групен дом каде што се сместени 5 деца кои се вклучени во редовен образовен процес.

Можете да прочитате

Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава   

Објавен Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во 2024 година

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“