Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Насилството не е приватна работа затоа се стремиме сервисите да бидат присутни во сите населени места

4 2
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Потпишан нов меморандум за тесна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје. Меморандумот беше потпишан од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и извршната директорка на здружението Салија Беќир Халим. Со потпишувањето ќе се овозможи унапредување на положбата на жените жртви на семејно и родово базирано насилство, ќе се овозможи соработка помеѓу Центарот за психо-социјална поддршка за жени жртви на семејно и родово базирано насилство на територијата на Шуто Оризари.

Воедно меморандумот треба да придонесе кон олеснета размена на информации и соработка со единствена цел – услугите за жртвите на насилство да бидат подостапни до жените од Шуто Оризари.

„Родово базираното насилство е акт кој остава трага на секоја жртва. Затоа ние како министерство ќе ја поддржиме секоја граѓанска организација која се залага да даде можност што повеќе жртви да го надминат претрпеното насилство и повторно да се интегрираат во општеството. Насилството не е приватна работа, тоа е предизвик на институциите кој го надминуваме заедно со иницијативите на граѓанските организации” рече Тренчевска при разговор со извршната директорка.

На крајот од средбата на која се потпиша меморандумот директорката Халим се заблагодари за препознавањето на нивната работа и за можноста да се потпише меморандум кој ќе биде од особена важност на здружението.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

АХВ со 262 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња: утврдени само минимални недоследности