Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Македонија е пример за земјите во регионот во однос на борбата со трговија со луѓе

Тренчевска: Македонија е пример за земјите во регионот во однос на борбата со трговија со луѓе

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со ново избраната генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Ејми Е. Поуп, која е првата жена директорка на ИОМ.Меѓународната организација за миграција е водечка меѓународна организација во областа на миграцијата и е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција е од корист за мигрантите и општеството. На средбата се разговараше за областите во кои соработува Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација за миграција со фокус на внатрешна и надворешна миграција, трговија со луѓе и родова еднаквост.Тренчевска истакна дека од неодамна е објавен извештајот за трговија со луѓе на Стејт Департментот, каде се истакнува доброто справување на државата со предизвикот со трговија со луѓе. Министерката ја посочи соработката меѓу институциите и креирањето на Оперативни тимови во состав со претставници на ИОМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и невладиниот сектор кои работат на заштита и превенција од трговија со луѓе. Тренчевска исто така го истакна и зајакнувањето на капацитетите на вработените во институциите во однос на предизвикот.Отворена беше и темата за работната сила на пазарот на трудот во државата, како и за тоа на кој начин може да се оствари соработка за насочување на регуларните мигранти кон приклучување на пазарот на трудот. Според директорката на ИОМ ваквото насочување на мигрантите со прилагодување на законските регулативи може да ги задоволи потребите од побарувачката на пазарот на трудот, а при тоа да се почитуваат основните човекови и работнички права.

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“

Кинеска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву и пијанистката Хоу Јуан

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври