Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Кога имате апсолутна власт се губите, не го слушате гласот на народот

Screenshot 20240614 121736 Messenger.jpg

Јована Тренчевска, екс министерката за труд и социјална политика на тв21 рече дека не е добро тоа што ВМРО-ДПМНЕ има апсолутна власт.

„И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имала апсолутна власт во минатото. Се покажало дека таа апсолутна власт не е добра за државата. Од апсолутна власт се губите, не го слушате гласот на народот“, рече Тренчевска.

На прашањето дали Христијан Мицкоски разговарал со некои пратеници на СДСМ за законот за реорганизација на министерствата, вели:

„Не знам со кого разговарал Мицкоски, со мене не разговарал. Ние како пратеничка група имавме голема дебата за овој закон, и во таа дебата учествуваа и поранешни министри, политичари и пратеници со искуство, и донсовме одлука дека законот нема да донесе ништо добро, и затоа одлучивме да не го поддржиме“.

Тренчевска кажа дека Законот за реорганизација за министерствата веројатно е донесен само да се задоволат барањата на големата коалиција во ВМРО-ДПМНЕ.

„Против сме и на начинот на кој беше донесен Законот, и на содржината на истиот. Или ќе треба да се формираат повеќе ресори за да ја задоволиме големата коалиција во Собранието, да се задоволат потребите на ЗНАМ, ВРЕДИ, и целата таа коалиција. Веројатно тоа е во прашање“, рече Тренчевска.

Можете да прочитате

Мицкоски до Собранието ја поднесе програмата и составот на новата Влада

Македонија на 11 место во НАТО според процентот од БДП наменет за одбрана

Средба на Сиљановска Давкова со полскиот амбасадор Гжелчик