Утрински Весник
Македонија

Тренчевска – Дрекслер: Продолжува силната поддршка од секој аспект на патот до Европската Унија

Тренчевска – Дрекслер: Продолжува силната поддршка од секој аспект на патот до Европската Унија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер. На средбата беше истакната досегашната соработка на Министерството за труд и социјална политика со Германската Амбасада. Исто така беа дискутирани и моменталните случувања на територијата на државата во однос на предлог Законот за родова еднаквост и предлог Законот за матична евиденција.

dobivaj vesti na viber

Од страна на амбасадорката, Дрекслер на средбата беше искажана особена поддршка во делот на усогласување на законските регулативи и креирање на политики кои се дел од патот кон Европската Унија. Таа исто така посочи дека е голема поддржувачка за решавање на предизвиците за родовата еднаквост со особен фокус на феминизмот.

Во однос на моменталната состојба и отворената општествена дебата за двата различни закони – Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост зборуваше министерката Тренчевска. Таа го истакна вистинското значење на законите со посебен акцент на објаснување на важноста на Законот за родова еднаквост кој е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Министерката посочи дека целта на законот е воспоставување на механизми кои ќе ја унапредат родовата еднаквост на територијата на целата држава, како на локално така и на национално ниво. Тренчевска особено стави акцент на тоа дека Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост се два различни и засебни закони.

На крајот од средбата амбасадорката Дрекслер ја изрази својата силна поддршка до министерката Тренчевска во однос на расчистување на наративот во општеството за моменталните предлог закони и нивното вистинско значење.

Можете да прочитате

Топлиот бран во Македонија продолжува се до крајот на оваа недела!

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!