Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацлиев денес беа на активност под името “Реката убава мила, доколку е чиста поубава би била” во организација на ЈОУДГ “Ангел Шајче”. Активностите беа организирани по повод Денот на пролетта и Светскиот ден на водите
„Нашата посветеност за негување на детската заштита е очигледна преку значителни инвестиции. Отворивме 84 нови објекти ширум државата и за прв пат отворивме голем дел на објекти во рурални средини за да овозможиме еднаков пристап во предучилишно образование без разлика дали се работи за рурална или урбана средина” изјави Тренчевска.
Министерката истакна дека во изминатите години инвестирано е во 3 објекти само во Општина Куманово. Таа истакна дека од 2017 година до денес обезбедени се вкупно 119 деца, за ваквата инвестиција се одделени над 6 милиони денари.
„Во идниот период ќе продолжиме да се движиме кон зголемување на опфатот на децата во предучилишно образование нашиот таргет е 70% опфат на децата во градинките. Исто така наша идна цел е во сите 81 општина овозможиме инклузивност во градинките со сензорни соби и инклузивни игралишта. Во текот на 2024 година ќе отвориме 14 нови градинки кои што се во тек на изградба, исто така ќе се отворат дополнителни 6 градинки во 2025 година исклучиво со средства од Светска Банка, буџетот на Владата и Министерството за труд и социјална политика” изјави Тренчевска.
Таа посочи дека ќе продолжи и поддршката на приватните градинки за да има што поголем опфат на децата во градинките и за да може да има поголемо вклучување на мајките на пазарот на трудот.
На крај Тренчевска поттикна на што повеќе акции во кои се вклучени и децата за да може да се стекнуваат корисни навики и вештини уште од најрана возраст.