Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Директно учествуваме во обезбедување услуги за рана интервенција кај децата

Тренчевска: Директно учествуваме во обезбедување услуги за рана интервенција кај децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се обрати на настанот по повод презентација на наодите од „Анализата на состојбата со раната интервенција кај децата во Северна Македонија“, изготвена во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во партнерство со Филозофскиот Факултет во Скопје и RISE Institute Washington D.C.

dobivaj vesti na viber

Таа истакна дека заложбата за раниот детски развој за секое дете, а особено на децата со попреченост и обезбедувањето на социјалните и здравствените услуги, е клучната инвестиција која обезбедува квалитетен и инклузивен живот во подоцнежните години.

„Реформите во социјалната заштита обезбедија широк влез на сите заинтересирани професионалци што работат на полето на попреченост да го дадат својот придонес во развој на потенцијалите и капацитетите на детето и неговото семејство. Учеството на Министерството за труд и политика во политиките на рана интервенција вклучува активности што директно ги засегаат децата, како и оние што индиректно ги засегаат нивните семејствата. Обезбедена е законската рамка за развој на социјални услуги за индивидуален и групен третман, постои мрежа на дневните центри за деца и лица со попреченост од државни и приватни даватели на услуги, а исто така со помош на Делегацијата на Европската Унија почнат е процес на осовременување на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Центарот за социјални услуги. На овој начин Министерството за труд и социјална политика директно учествува во обезбедување услуги за рана интервенција“, рече Тренчевска.

„Верувам дека во Република Северна Македонија имаме добра основа за услуги за рана детска интервенција, но потребни се дополнителни напори за развој на програми за рана интервенција, кои обезбедуваат квалитетни, ефективни и еднакво достапни услуги, кои се однесуваат на потребите на децата, приспособени според возраста на детето и околностите во кои индивидуални деца живеат и се обезбедуваат во семејството. Затоа услугите за рана детска интервенција треба да се гледаат како услуги со висок приоритет со главна цел да се развијат координирани и мултисекторски стратегии засновани на правата на децата. Не смееме да заборавиме дека детската насмевка не смее да зависи од неговата/нејзината тешкотија, туку од можностите што општеството ги дава и овозможува“, рече Тренчевска.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје