Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Активноста на младите води до прогресивни промени

Тренчевска: Активноста на младите води до прогресивни промени

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со Сојузот на извидници.

dobivaj vesti na viber

Средбата беше во пресрет на активностите кои министерката во следниот период треба да ги реализира за охрабрување на младите за поголемо учество во општествените процеси како и за вклучување на што поголем број на млади во активности кои се поврзани со спортот, истражувањето и креативноста кои позитивно ќе влијаат на нивното ментално здравје.

Од страна на претставниците на сојузот информираа дека постојат веќе 70 години и дека секоја година традиционално организираат смотра која ги заокружува нивните активности.

На средбата беше разговарано за идна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на извидници.

Според она што беше дискутирано соработката треба да биде во насока на мотивирање и охрабрување на младите да бидат поактивни чинители во општеството.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати