Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трас беше премиерка само 45 дена, тоа е најкраткиот мандат во британската историја

Трас беше премиерка само 45 дена, тоа е најкраткиот мандат во британската историја
300x250 opst2

Лиз Трас поднесе оставка од функцијата британски премиер 45 дена откако стана премиер, односно 44 дена откако се сретна со покојната кралица Елизабета во Балморал за да побара од неа да формира влада.

dobivaj vesti na viber

Трас имаше веројатно најкраткиот мандат на функцијата, бидејќи вториот најкраток мандат го имаше Џорџ Канинг, чие премиерство траеше 118 дена пред да умре ненадејно во 1827 година.

Да потсетиме, Трас стана премиер на почетокот на септември, а таа се бори за политички опстанок откако нејзиниот министер за финансии Кваси Квартенг на 23 септември објави „мини-буџет“ со големи даночни намалувања, што ги потресе финансиските пазари.

По таа објава, трошоците за задолжување на Британија се зголемија, загрозувајќи го пазарот на недвижнини и дополнително ги влошија трошоците за живот.

Трас имаше најлош рејтинг од кој било британски лидер во последните децении.

Таа се откажа од најголемиот дел од најавената политичка програма, а вчера остана без министер за внатрешни работи, една недела откако го разреши министерот за финансии.

Конзервативните пратеници вчера отворено се судрија во парламентот, по неуспешното гласање за фракинг што некои го сметаа за гласање за доверба на нејзината влада,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас